Борисов бара оставка од Николоски по изјавата дека Бугарите се „нецивилизирани“

t

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов бара оставка од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој ги нарече Бугарите „нецивилизирани“ и кој изјави дека Македонија и Бугарија немаат заедничка историја.

„Ако не го сторат тоа, ниту претседателот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се видат или да разговараат со нив (членовите на македонската Влада). Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, надвор од официјалните“, посочил Борисов, пренесуваат бугарските медиуми.

Борисов истакнал дека ГЕРБ ќе направи се што е потребно за Европската народна партија (ЕПП) „да биде информирана за искажаните зборови“.

Изјавата на Николоски беше главна тема вчера во бугарскиот парламент, а тамошните политичари побараа бугарското МНР да ја отповика македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Oпозицијата го пpeмисли Бојко: Време било да…

Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов му го…