Борисов денеска ќе преговара со Костадинов за формирање на Влада во Бугарија

ГЕРБ-СДС денеска ќе се сретне со претставници на „Преродба“. Двете формации ќе разговараат за избор на претседател на Народното собрание. Тие за функцијата ги предложија Росен Желјазков, односно Петар Петров, но не ја добија потребната поддршка од другите партии. „Преродба“ веќе изјавија дека нема да поддржат друга партија да формира кабинет, потсетува БНР.
Разговорите меѓу политичките формации се очекува да продолжат денеска, еден ден пред почетокот на работната недела на новиот парламент. Иницијативата е во најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС.
Вчера работните групи од оваа коалиција и од „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ разговараа за реформите во правосудството и влезот на Бугарија во еврозоната и Шенген зоната.
На состанокот во понеделник немало разговори за формирање на кабинет.
„Јас лично не би голтнал влада со ГЕРБ, мислам дека не би го направиле ниту многу мои колеги. Такво е расположението во организацијата Бургас, од каде што доаѓам јас“. Ова за Националното радио го изјави Даниела Божинова, која беше избрана за пратеник од коалицијата ПП-ДБ.
Во моментов, ГЕРБ и ПП-ДБ разговараат за законодавството и изборот на претседател на Националното собрание. Денеска и официјално во групата ќе ги дознаеме резултатите од овие разговори, најави таа
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…
Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…