Објавено на:

Борис Џонсон жестоко го нападна и обвини Макрон во своите мемоари

t

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се пресмета со францускиот претседател Емануел Макрон во мемоарите, чии извадоци беа објавени утрово во Дејли мејл.

На 10 октомври, поранешниот британски конзервативен лидер ќе ги објави мемоарите „Ослободен“, во кои тој го раскажува своето искуство во политиката, особено своето време во Даунинг стрит од 2019 до 2022 година, обележано со преговорите со Европската унија за брегзит и пандемијата ковид-19.

„Иако Макрон е особено шармантен и често се согласуваме за важни прашања, тој сериозно мислеше кога рече дека Велика Британија треба да биде казнета за брегзит“, пишува Борис Џонсон.

Тој опширно ги опишува своите разговори со европските лидери како што се поранешната германска канцеларка Ангела Меркел и Емануел Макрон, чиј акцент го исмева кога зборува англиски. „Во некои теми, се плашам, тој навистина направи штета“, вели тој за Макрон.

Тој особено го критикува францускиот лидер за неговиот став за незгодното прашање околу мигрантите кои илегално го преминуваат Ла Манш за да стигнат до Обединетото Кралство од Франција, што е многу чувствителна тема за британската страна.

Во обвинението, тој сугерира дека Макрон дури бил подготвен да замижи пред бандите кои тргуваат со луѓе за да им го влоши животот на Британците кои ја напуштија ЕУ.

„Во најмала рака ми се чинеше можно дека тој го користеше проблемот… и дискретно им дозволи на доволно голем број мигранти да го преминат Ла Манш за да го излуди британскиот народ и да го поткопа едно од најважните прашања на брегзит – враќањето на контролата на нашите граници“, пишува Борис Џонсон.

Откако го напушти Даунинг стрит во летото 2022 година, Борис Џонсон повторно стана колумнист на таблоидот „Дејли мејл“, а за конференциите на кои настапува е платен неколку десетици илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борис Џонсон жестоко го нападна и обвини…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон се пресмета…

Полицијата постапува по пријава за оштетување на…

Полицијата постапува по пријава за оштетување на…

„Гардијан„: Од земја под „егзистенцијална закана“, Израел…

Заедничка одбрана на воинствениот Израел, како околу…

Путин потпиша декрет со кој повика 133.000…

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со…

Италија и Швајцарија ќе ги редефинираат своите…

Швајцарија и Италија повторно ќе прекројуваат дел…