Објавено на:

Борко Ристовски: Јас сум тргнат од репрезентацијата политички

t

Долгогодишниот голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, првпат јавно откри зошто исчезна од репрезентативниот список, речиси, преку ноќ.

Актуелниот чувар на мрежата на Вардар, беше гостин во емисијата „Ферплеј со Јана“, на Телма и таму сподели дека не по своја волја е надвор од репрезентацијата две години и пол години.

„Јас сум тргнат од репрезентацијата политички, по наредба на икс висок човек, не е ни важно не сакам да навлегувам. Меѓутоа сите тие пресметани ризици јас ги знаев и пред да застанам јавно на една политичка страна. Не очекував дека ќе биде толку радикално против мене, но јас сум човек кој е независен од никого и апсолутно ослободен од сите стеги на општеството и финансиски и човечки и карактерно и како да е. Во иднина ќе бидам уште порадикален и јас, затоа што треба да се направат промени во спортот, за навистина да се дадат шанси на млади деца, кои навистина заслужуваат, а не да се користи спортот за политички цели. Јас тоа нема шанси да го толерирам, не толерирам неправди, така што тие се некои две-три работи кои ме испровоцираа да застанам и да заземам страна, зашто верувајте дека во Македонија спортот не ни оди во добра линија.“, изјави Борко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…