Босанец го прослави третиот роденден на дупката на неговата улица – “Дупко среќен ти роденден, со ваква Влада сигурно ќе растеш секоја година”!
Човек од Сараево реши иронично да ѝ го прослави третиот роденден на дупка на патот во неговиот град.
„Дупко, среќен роденден!“, објави Ахмед Косовац, претставникот на Нашата партија во Советот на општина Ново Сараево.
„Го прославивме третиот роденден на дупката кај ТЦ Грбавица. Граѓаните се обратија поединечно до општината и до градоначалникот, се обидоа и преку Советот на месната заедница, но сега, дупката е таму веќе три години. Можно е градоначалникот и службите да одлучиле да ги научат граѓаните како безбедно да поминат на спротивната лента со автомобили и да не го оштетат автомобилот, а возачите на скутери и мотори како да не паѓаат. Со оглед на тоа што санирањето на дупката не е во план, на крајот на септември побарав од општина Ново Сараево да го прослави роденденот на дупката. Дупко, среќен ти роденден! Со ваква влада, сигурни сме дека секоја година ќе растеш и ќе славиш уште многу родендени“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…