Босна и Херцеговина доби кандидатски статус во ЕУ
Лидерите на ЕУ и доделија кандидатски статус на БиХ за влез во Унијата на денешниот состанок во Брисел, јави словенечката новинска агенција СТА.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб и честиташе на БиХ на „Твитер“ за статусот, велејќи дека тоа е порака до населението во БиХ „дека нивната иднина е во нашиот заеднички европски дом“.
Тој изрази уверување дека ЕУ и БиХ заеднички ќе ја градат иднината на цела Европа.
Во одвоено соопштение, Голоб изјави дека одлуката на Европскиот совет за доделување кандидатски статус на БиХ е една од најзначајните геостратешки и политички одлуки што ЕУ ги донел во последно време.
Со ова, БиХ им се приклучи на другите земји кандидати – Албанија, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Украина – во процесот на приклучување, кој може да трае со години и вклучува сложени преговори за усогласување на локалните закони со законодавството на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…
Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…
Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…