Босна и Херцеговина не ги признава резултатите од референдумите во Украина
Босна и Херцеговинане не ги признава, ниту ќе ги прифати резултатите од сепаратистичките референдуми спроведени во деловите на Украина под руска окупација, потврди денеска претседавачот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.
„Таквите референдуми, Босна и Херцеговина никогаш нема да ги признае, бидејќи немаат правна основа, претставуваат груб напад на Повелбата на ОН со цел насилна анексија на територијата на суверена држава, а, на крај, освен нелегалноста, овие референдуми недемократски ги прави и тоа што се одржуваат во услови на воена окупација“, се наведува во посебната изјава доставена до медиумите од кабинетот на Џаферовиќ.
Тој тврди дека, согласно претходно усвоените позиции за војната во Украина, БиХ доследно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и ќе остане дел од апсолутното мнозинство на меѓународната заедница, која низ резолуцијата на Генералното собрание на ОН за агресијата врз Украина и други акти, го потврди ова определување.
Претходно српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик даде поддршка за референдумите организирани од проруските сепаратисти во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…
Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…
Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…