Бочварски: Граничните премини Ќафасан и Деве Баир ќе се прошират со нови коловозни ленти

t

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и државниот секретар на Министерството за транспорт и врски, Митко Трајчулески, денеска остварија работна средба со претставници од Светска Банка.

На средбата се разговараше за инфраструктурните проекти кои се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.

Министерот Бочварски информираше за досегашната реализација, со посебен фокус на проектот за „Олеснување на транспортот и трговијата на Западен Балкан“.

Во рамки на овој проект, веќе од следната година, предвидено е да се изврши рехабилитација на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, односно проширување на граничните премини со нови коловозни ленти, како и модернизација на кабините на вработените при Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа.

Исто така, на средбата Министерот информираше и за проектот за имплементација на Интелигентен транспортен систем (ИТС), кој ќе започне да се реализира наредната година на дел од Коридорот 10.

„На средбата разговаравме за реализацијата на капиталните проекти финансирани од Светска банка. Имаме навистина значајни проекти кои ќе придонесат многу во развојот на транспортот во Македонија и ќе ја подобрат ефикасноста на граничните премини и на патиштата. Очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура”, изјави министерот Бочварски.

На средбата се отвори прашањето и за проектот за воспоставување на едношалтерски систем што ќе биде во функција на неколку државни институции како дел од проектот за олеснување на транспортот и превозот на патници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Ќафасан приведен Србин баран од Интерпол!

На граничниот премин Ќафасан приведен е српски…

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3…

На граничниот премин Ќафасан, на албанско –…

Спречен обид за шверц на 50 тони…

Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за…

Бочварски: Граничните премини Ќафасан и Деве Баир…

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски,…

Потребен е нов модел за изградба на…

Моделот што моментно се применува при изградба…