Бочварски демантира: Шпекулации се информациите за мое заминување
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски демантира дека си заминува од министерската функција и вели дека таквите информации се шпекулации.
-Јас мислам дека ова се шпекулцаиии, бидејќи и Владата и партијата СДСМ имаа став по тоа прашање. Она што го слушнавме и видовме, еве министерот за локална самоуправа Горан Милевски, поднесе оставка, слушнавме дека негов заменик би бил Ристо Пенов, еден искусен политичар и поранешен градоначалник, верувам дека со своето искуство ќе даде помош во работата на Владата. Што се однесува до останатите прашања сметам дека се на ниво на шпекулации – рече денеска Бочварски во гостување на ТВ 24, прашан дали ќе има реконструкција на Владата и дали тој ќе си замине од функцијата.
Во изминатиот период има доста шпекулации за реконструкција на владата, но сите министри изјавија дека нема да има друга промена освен смената на Горан Милевски во Минситерството за локална самоуправа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потребен е нов модел за изградба на…
Моделот што моментно се применува при изградба…