Бочварски до ВМРО-ДПМНЕ: Ова не е тоа што го очекуваа и бараа граѓаните

t

СДСМ уште вчера кажа дека ќе ја поддржи интерпелацијата за Африм Гаши, а денес ги изразуваме аргументите по тоа прашање изјави пратеникот на СДСМ Благоја Бочварска на денешната седница за интерпелација на Собранискиот спикер, Африм Гаши.

– Ова не е тоа што го очекуваа и бараа граѓаните, ова не е тоа што го ветуваше владејачката коалиција пред изборите, но се случија серија на скандали. ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ветувајќи дека нема никој да биде над законот и дека ќе се стави ред во државата.

Прво се случи тежок безбедносен инцидент на аеродромот во Скопје, шефот на обезбедувањето на Гаши по наредба на Гаши го нападнал полицаецот на аеродромт, го туркал, му се заканувал со пиштол. Обезбедување на претседател на Собрание се впушта како во маалска детска кавга да реши проблем, небаре државата нема институции, нема систем… Човекот отишол со репетиран пиштол да се заканува на колега полицаец, се ставил над законите, а поводот е што косовската претседателка одбила да ѝ се прегледа багажот.

Овде МВР констатира дека надвор од своите надлежности претседателот на Собранието дал наредба на обезбедувањето. Политичка одговорност не видовме затоа што одговорноста е внатре во владејачката коалиција. Сакам да ве прашам сите вас овде пратениците, дали кога поминувате на аеродром поминувате низ безбедносна кокнтрола и пријавувате багаж? Без разлика на функција безбедносните протоколи се јасни и овде двојни аршини не смее да има.

Потоа се случи скандалот со границата со Косово, каде службените и приватните возила поминале без контрола. Никој не знае што било пренесено во тие возила, што поминало. Министерот Тошковски ги потврди сите ојавени информаци за свадбената поворка и никој не понесе политичка одговорност. Ова е партиски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и јасно е зошто нема одговорност за министерот и началникот, а единствени казни добија полицајците на граничниот премин. Затоа СДСМ ќе гласа за оваа интерпелација, вели пратеникот на СДСМ, Благоја Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бочварски до ВМРО-ДПМНЕ: Ова не е тоа…

СДСМ уште вчера кажа дека ќе ја…

Талески: Власта на ВМРО – ДПМНЕ има…

Интегрален текст од соопштение за јавност на…

Прегазен малолетник во Ново Лисиче

Како што соопштија од МВР, вчера во…

Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика…

Во Основното јавно обвинителство за гонење на…

(Видео) Крмов: Мицевски молчи за Гаши, а…

Јас ќе почнам со еден коментар на…