Бочварски очекува до 10 јули да завршат градежните активности на автопатот Охрид-Кичево

t

Очекувам до 10 јули да завршат градежните активности на автопатот Охрид-Кичево, а потоа да започнеме со последната фаза – поставување еластични огради и одобрување на временскиот режим. До 10 јули ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по оваа автопатска делница. Сметам дека за ударниот дел од туристичката сезона оваа траса ќе биде приспособена, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на делницата од Охрид до Подмоље.

Бочварски верува дека граѓаните ќе имаат разбирање и ќе дадат поддршка.

Главната поддршка за реализација на овој проект треба да дојде токму од Општина Охрид. Ние како Влада сме реализирале многу проекти во Охрид независно која политичка партија е на власт, најголемиот проект во мандатот на сегашниот градоначалник на Охрид е улицата „Македонски просветители“ што е инвестиција на Минситерството за транспорт и врски и на Владата. Не видов тогаш коментар од градоначалникот дека со реализацијата на тој проект се подобруваат условите за развој на туризмот, а сега кога излегуваме на терен со механизација да го решиме проблемот затекнат од минатото, гледам коментари и критики во јавноста. Сметам дека е некоректно, поддршката треба да дојде пред се од градоначалникот, општината и граѓаните – рече Бочварски.

Рустеми од своја страна истакна дека на трасата се работи етапно чекор по чекор, проблемите на трасата се надминати, останува изведувачите и подизведувачите да ги завршат градежните активности согласно предвидената динамика и утврдените рокови.

Често сме на терен, вложуваме големи напори да се почитува договорот до 31 оваа година да биде завршен автопатот – рече Рустеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потребен е нов модел за изградба на…

Моделот што моментно се применува при изградба…

Бочварски очекува до 10 јули да завршат…

Очекувам до 10 јули да завршат градежните…

Сообраќајна несреќа кај “Пресека” го блокираше патниот…

Сообраќајна несреќа што се случи во близина…