Бојан Миовски еден од добитниците на орденот „Свети Никола“ од градот Штип
Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски е еден од добитниците на орденот „Свети Никола“ кој градот Штип го доделува за своите граѓани кои придонеле за афирмација на гррадот.
Наградата се доделува на 19 декември, а Миовски ќе биде еден од добитниците.
Во образложението за Миовски се наведува дека е еден од најдобрите македонски фудбалери кои на најдобар начин го претставува македонскиот фудбал.
Кариерата Миовски ја започна во штипска Брегалница, а играше уште уште за Работнички и Ренова по што ја започна кариерата во странство од каде што преку Унгарија и Шкотска стигна до Шпанија и екипата на Жирона.