Бојко Борисов победи и на европските и на парламентарните избори во Бугарија
Коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов победи на вонредните парламентарни избори, како и на европските избори во Бугарија.
Според податоците на агенцијата Галуп, ГЕРБ-СДС на изборите за Европскиот парламент освоила 26,2 отсто од гласовите, додека на второто место со 15,7 отсто е коалицијата „Континуирани промени – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).
Следат „Преродба“ со 15,4 отсто, „Движење за права и слободи“ (ДПС) со 11,7 отсто, Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 9,7 отсто и „Има таков народ“ со 6,4 отсто.
Излезноста на гласачите на изборите за Европскиот парламент беше 29,8 отсто.
Коалицијата ГЕРБ-СДС победи на парламентарните избори со 25,8 отсто од гласовите.
Второто место го освои коалицијата ПП-ДБ со 15,5 отсто, а третото ДПС со 14,7 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…