Бојко Борисов се сретна со мајката на Пендиков: Бараме тепањето да се осуди на европско ниво
Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов лично ќе го запознае претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер со случајот за претепаниот Христијан Пендиков во Охрид, пренесува БГНЕС.
Борисов се сретна со мајката на Пендиков во седиштето на ГЕРБ. Тој истакна дека оваа средба треба да послужи како јасна порака до македонските власти.
„Ја осудуваме агресијата врз Христијан Пендиков. Ќе разговарам со лидерот на ЕПП Манфред Вебер. Ќе бараме тепањето да биде осудено на европско ниво“, рече Борисов.
Тој ги повика македонските власти – премиерот, министрите за внатрешни и надворешни работи – да направат се за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето. Само така РМ ќе докаже дека е правна држава“, нагласи Борисов.
Тој потсети дека “Бугарија најмногу му помогнала на РМ, но во Скопје мора да внимаваат „да не ги налутат Бугарите“. „Најлошото нешто на Балканот е што Бугарите се лутат. Направивме сè за PM. Тие секогаш ја имаа нашата целосна поддршка. Затоа ги повикувам, уште еднаш велам – осудете ги напаѓачите“, рече Борисов.
Лидерот на ГЕРБ изјави дека таквите дејствија, како што е овој напад и непостапувањето да се казни, се неприфатливи.
Мајката на Христијан – Габриела Димкова се заблагодари на бугарската држава, на лекарите и на поддршката од Борисов за се. Таа посака никогаш повеќе да не се случат вакви инциденти во РМ. Секој треба да има право да ја изрази својата етничка припадност, рече Габриела Димкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…
Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…
Дали Петков ќе ја посети или не…
По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…
Oпозицијата го пpeмисли Бојко: Време било да…
Екс бугарскиот премиер Бојко Борисов му го…