Објавено на:

БПЦ доби нов поглавар, видинскиот митрополит Даниил стана бугарски патријарх

t

Видинскиот митрополит Даниил денеска е избран за нов бугарски патријарх и митрополит софиски, а во црквата „Свети Александар Невски“ се одржа церемонијата на неговото устоличување, информира Бугарската национална телевизија (БНТ).

Новиот патријарх со литија ја напушти Синодалната палата и пристигна во Соборниот софиски храм. Верниците пред и во црквата извикувале: „Достоен“.

Бугарскиот патријарх е избран во вториот круг, во кој кандидати биле тој и митрополитот врачански Григориј. За митрополитит Даниил гласале 69, а за митрополитот Григориј 66 делегати. Имало три неважечки ливчиња.

Од Бугарската православна црква (БПЦ) преку соопштение ја објаснија целата процедура за избор на новиот патријарх, а го посочуваат детално и текот на гласањето во двата круга.

„Денеска во Академската сала на Бугарската академија на науките во Софија се одржа патријаршискиот изборен црковен собор за избор на нов бугарски патријарх. Во 8:30 часот по бугарско време започна првиот круг за избор на бугарски патријарх, при што митрополитот ловчански г. Гаврил освои 19 гласа, митрополитот Видински Даниил освои 51 глас, а митрополитот врачански Григориј освои 64 гласа. Потоа, откако беа подготвени ливчиња со имињата на двајцата кандидати за патријаршискиот престол, за митрополитите Григориј и Даниил, се одржа и вториот круг гласање, при што за митрополит софиски и патријарх бугарски беше избран видинскиот митрополитот Даниил со 69, додека врачанскиот митрополит Григориј имаше 66 гласа“, се вели во соопштението од БПЦ.

Даниил Видински е роден во 1972 година во Смолјан под името Атанас Николов. Во 1997 година се запишал на Богословскиот факултет во Софија, а истата година станува послушник во Хаџидимовскиот манастир „Св. Георги“, каде што по две години станува монах и е ракоположен за јероѓакон.

Во 2004 година е испратен на послушание во Роженскиот манастир „Рождество Богородично“, каде што е ракоположен за јеромонах, а две години подоцна станува архимандрит. Во 2008 година по одлука на Светиот синод станува епископ во храмот „Св. Александар Невски“. Назначен е за викар последователно на неврокопскиот митрополит Натанаил и митрополитот на САД, Канада и Австралија, Јосиф. На 4 февруари 2018 година е избран за видински митрополит.

Претходниот поглавар на Бугарската православна црква и митрополит на софиската епархија, Неофит (79), почина по долго боледување на 13 март годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавга во власта – Касами: Димитриевски не…

Денес градоначалникот на Тетово и претседател на…

Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада…

Јавното обвинителство за организиран криминал денеска во…

(Видео) Делови од Славонија изгледаат како воена…

Силно невреме во понеделник опустоши делови од…

ДЗР: Алармантен губиток на таленти, државата на…

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го…

Коце Трајановски назначен за директор на Државни…

Владата го назначи Коце Трајановски за нов…