Браво, го решивме криминалот: Уапсени шест питачи!

Полицијата уапси шест лица кои питачеле на граничниот премин Табановце.
„Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, при питачење на граничен премин Табановце ги затекнале Т.Џ.(41), Д.М.(33), Е.М.(29), Б.С.(32), А.С.(28) и С.А.(27), сите од Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти полицијата.
Претходната недела беше уапсена жена која питачеше на градскиот плоштад во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Браво, го решивме криминалот: Уапсени шест питачи!
Полицијата уапси шест лица кои питачеле на…