БРАВО: Два бронзени медали за Македонија на Европската олимпијада по информатика за девојки!
Македонските ученички – информатичарки на четвртата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), која од 21 до 27 јули се одржува во Велдховен, Холандија освоија два бронзени медали.
Како што соопштија од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), бронзените медали за Македонија ги освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа и останатите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Антонела Владева од Свети Николе.
Тимот е предводен од д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Ученичките кои се дел од македонскиот тим на ЕОИД 2024 беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 35-ти пат.
-Ако се вклучат и овие два медали, македонските ученички на досегашните четири изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно 1 сребрен и 6 бронзени медали, што претставува резултат со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји-учеснички на олимпијадата – велат од ЗИМ.
Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е релативно нов натпревар, наменет само за ученички – средношколки кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки.
ЕОИД има за цел да ги промовира женското учество и застапеност во областа на информатиката преку обезбедување платформа за талентираните ученички да ги покажат своите вештини и да се натпреваруваат на меѓународно ниво.
Фото: ЗИМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…