БРАВО: Македонските џудисти се враќаат со осум медали од Тирана
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА ВЕТЕРАНИ ВО ТИРАНА
Во Тирана (Албанија) викендов се одржа првото Балканско првенство во џудо за ветерани/ки, на кое учествуваа Македонија, БиХ, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија, Косово и Албанија, со околу сто натпреварувачи. Македонската репрезентација имаше успешен настап, освојувајќи вкупно осум медали, од кои по три златни и сребрени и два бронзени.
Две први места освои Мартин Ристески, во категоријата М5 (над 100 кг) и во апсолутна категорија (над 100 кг). Со два медала се закити и Маке Спиркоски, кој во категоријата М9 (до 81 кг) беше прв, а во опен-категоријата (до 81 кг) го освои второто место. Киро Здравески, кој наедно беше и селектор и натпреварувач, го освои второто место во категоријата М9 (до 66 кг).
Сребро освои и Марјан Димески во категоријата М7 (до 100 кг), а на третото место се пласираа Сашо Димовски во категоријата М5 (до 73 кг) и Ѓорѓи Хубрев во категоријата М5 (до 100 кг). Селекторот Здравески, кој беше и иницијатор на џудото за ветерани, како во Македонија, така и на Балканот, изрази задоволство од настапот на сите македонски џудисти и од освоените пласмани. Македонски преставник во судиската организација на ова натпреварување беше интернационалниот судија Томе Јосифоски, пренесува “Нова Македонија”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…
Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…
Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…
Пред почетокот на главната туристичка сезона во…
По Призрен, Али Ахмети прогласен за почесен…
Советот на општина Тирана на денешната седница…
Зеленски денеска пристигнува во Тирана
Денеска во Тирана ќе се одржи Самит…
Антивладини протести во Тирана и порака до…
Обединетата опозиција во Албанија под мотото „Или…