БРАВО: Миа Костова и хуманите луѓе собраа 14.000 евра за 24 часа за лекување на дете од Центар!
Македонската инфлуенсерка и поранешна водителка, Миа Костова, за само 24 часа да собере 14.000 евра кои ќе бидат наменети за лекување на Никола од скопски Центар.
-Дечки, поместивме граници со желба за Никола да биде добар и да се опорави што побрзо! Над 200 мали бизниси донираа производи и услуги и над 200 луѓе донираа за Никола, а со тоа ги запаметија малите бизниси кои излегоа навистина големи луѓе. За 24 часа собравме околу 4000 евра. Крајно, добив анонимна донација од 10.000 евра, дамата која втор пат во живот ми покажува дека постојат луѓе на светов и сум и неизмерно благодарна! – напиша Костова на Фејсбук.
Таа се заблагодари на своите следбеници и фанови и на сите оние кои донираа.
За да се собере потребната сума недостасуваат уште мала сума пари, сите кои се во можност и сакаат да помогнат може да донираат на име на таткото на Никола.
Жиро-сметка за донации:
300007085791933
Илијан Трајковски Ул. Костурски Херои бр. 40/3-3
Комерцијална Банка
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ и ССНМ реагираат: Владините прес-служби не…
Група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово…
Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…
Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…