Бразилската полиција ловеше наркобосови: 13 лица загинаа во големата рација
Најмалку 13 лица загинаа кога полицијата во Рио де Жанеиро рано утринава изврши рација во фавелата Вила Крузеиро, при што избија жестоки судири, соопштија официјални извори.
Акцијата била насочена кон лоцирање и апсење на криминални босови, од кои некои се од други земји, се наведува во соопштението на полицијата, пренесува АП.
Се додава дека врз припадниците на полицијата е отворен оган, по што еден жител на фавелата застрелан и убиен на лице место, а локалниот печат објави дека се работи за 41-годишна жена погодена од заскитан куршум.
Се наведува и дека по пукањето биле пронајдени 11 ранети лица, кои се префрлени во блиската државна болница.
Како што одминуваше денот, повеќе жртви од огнено оружје беа донесени во истата болница, од кои некои веќе беа мртви, според Асошиејтед прес.
Итната помош констатирала 12 смртни случаи и пет лица на лекување на трауматолошкиот оддел, соопшти Државниот секретаријат за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Косово забрани увоз на пилешко месо од…
Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово…
Бразилски тинејџер почина откако си вбризга течност…
14-годишно момче во Бразил трагично почина откако…
Најстарата жена на светот е од Бразил,…
Калуѓерка од Бразил, Ина Канабаро Лукас стана најстарата жива…
Двајца осомничени за напад на полицајци во…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…