Објавено на:

Бразил ќе воведе „хуманитарен пасош“ за бегалци од Украина

t

Бразил планира да воведе „хуманитарен пасош“ за прием на бегалци од Украина, изјави претседателот Жаир Болсонаро.

Бразилскиот претседател најави дека мерката што би требало да стапи на сила најдоцна до задутре е дел од напорите на земјата да ги прими сите евентуални бегалци од Украина.

Болсонари истовремено ја повтори својата „неутрална“ позиција по однос руската воена интервенција во Украина, изразувајќи уверување дека конфликтот наскоро ќе заврши, како и дека Бразил се залага за „мир во целиот свет“.

Инаку, бразилскиот претседател во изјавата дадена за радио „Ховем Пан“ потсети на бројната украинска заедница што живее во Бразил.

Украинската агенција „Укринформ“ пренесува податоци на ОН според кои од почетокот на воените дејствија Украина ја напуштиле повеќе од половина милион луѓе, додека се регистрирани и 160 илјади внатрешно раселени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…