Братот на претседателката на Кривичен останува во куќен притвор – ОЈО бараше ефективен притвор
Кривичниот совет на Кочанскиот суд ги одбил жалбите на кочанското обвинителство кое наместо куќен притвор бараше ефективен притвор за двајцата даночни контролори од Регионалната дирекција Штип , а меѓу нив е и Драган Паунов братот на в.д. претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска кои се осомничени дека земале пари и подароци од синот на газдата на дискотеката „Пулс“ каде загинаа 63 лица.
-Советот од чл. 25 став 5 од ЗКП, при Основен суд Кочани постапувајќи по изјавените жалби од страна на ОЈО Кочани против решенијата на Судија на претходна постапка со кои спрема двајца осомничени им беше определена мерка за обезбедување присуство -Куќен притвор, ги одбил, изјавените жалби на ОЈО Кочани против истите и донесените решенија на Судијата на претходна постапка ги потврдил – се вели во соопштението од Кочанскиот суд.
Двајцата даночни контролори се осомничени за примање поткуп, а синот е осомничен за уште едно кривично дело давање поткуп.
За двајцата инспектори чии пораки со синот на Дејан Јованов – Дека, газдата на дискотеката, Михајло Јованов беа јавно објавени судија на претходна постапка одреди куќен притвор, а за останатите шестмина, даночни инспектори управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица им се одредени мерки за претпазливост.
Рочиштето за „Пулс“ продолжува утре во судницата во Идризово со воведни зборови на одбраната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Братот на претседателката на Кривичен останува во…
Кривичниот совет на Кочанскиот суд ги одбил…
Градежните инспектори не биле надлежни за противпожарна,…
Здружението на градежни инспекторати на Македонија во…
Постапка против 11 лица за коруптивни кривични…
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…
Изгоре иднината на невини, прекрасни, млади луѓе:…
Во судницата во Идризово денеска се одржа…
Татко на едно од загинатите деца во…
Во судницата во Идризово денеска започна судскиот…