Браќата “не’ шутнаа”: Бугарските пратеници бараат и македонскиот амбасадор да не присуствува на свечената седница на бугарското Собрание

t

Додека македонските власти се фалат дека добрососедството со Бугарија никогаш не било на повисоко ниво, Бугарите дрско ги демантираат.

По амбасадорите на Руската Федерација, Елеонора Митрофанова и в.д амбасадорот на Белорусија во Бугарија, Никита Лешуков кои според прес-центарот на бугарскиот парламент нема да бидат поканети на првата седница на 48-то Народно собрание, закажано за 19 октомври, бугарски пратеници го покренале прашањето за присуството на конститутивната седницата  и на македонскиот амбасадор во Софија.

Бугарски пратеници го поставиле прашањето дали и претставникот на Македонија треба да влезе во Народното собрание во Софија, откако како што велат тие „нашата национална химна беше исвиркана на фудбалски натпревар во Скопје“, пренесува 24 Инфо.

Ова иницијатива довела до жестока дискусија за време на прелиминарниот состанок за деталите од почетниот состанок, распределбата на местата во салата, просториите во парламентот и резиденциите на одделенијата. Македонија од неодамна има нов амбасадор во Софија, Агнеса Руси Поповска, и ваквиот пречек дополнително ќе ги наруши односите меѓу двете земји.

Во меѓувреме вчера бугарските медиуми објавија дека ГЕРБ-СДС предложила партиите да го поканат претседателот на Украина, Володимир Зеленски да има видео-обраќање во живо до народните избраници за време на првата седница на парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…

Собранието денеска треба да ги разгледа на…

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…