Браќата Тејт обвинети за силување и други кривични дела во Велика Британија

t

Ендру Тејт и неговиот брат Тристан се обвинети за силување и други кривични дела во Велика Британија .

Ендру Тејт се соочува со десет обвиненија, вклучувајќи силување, нанесување телесни повреди, трговија со луѓе и експлоатација на проституција за профит, во врска со три жени, објави Скај њуз.

Неговиот брат, Тристан се соочува со 11 обвиненија поврзани со една жена, вклучувајќи силување, напад и трговија со луѓе.

Во 2024 година беше издадена европска потерница по браќата Тејт, и како резултат на тоа, романските судови наредија екстрадиција на Ендру и Тристан во Обединетото Кралство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ