Браќа расчистувале сметки со пиштол во семејната фирма

t

Двајца браќа се пресметувале со оружје во семејна фирма во скопско, стои во полицискиот билтен.

Министерствтото за внатрешни работи (МВР) информира дека на 16.11.2022 околу 14.40 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.М.(41) од с.Студеничани, затоа што околу 14.30 часот во магацинскиот простор од семејната фирма лоциран во с.Студеничани, скопско, по претходна расправија поради нерасчистени имотно-правни односи околу фирмата, од пиштол испукал еден куршум кон неговиот брат А.М.(39) од с.Цветово, скопско и му нанел телесна повреда, информираат од полицијата.

-По целосно документирање случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

35-годишен скопјанец донесен починат во „8. Септември“

Министерството за внатрешни работи информира дека 35-годишен…

52-годишен жител на Богданци обвинет за силување…

Синоќа на полноќ во Богданци полициски службеници…

Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на…

На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола,…