Британија не дозволува примање бустер дозa вакцина против корона за помлади од 50 години

t

Бустер дозите вакцини против Ковид од следниот месец веќе нема да бидат достапни за здрави лица под 50 години. Владата на Велика Британија информираше дека причината дадена од JCVI, владино советодавно тело, е поради “транзицијата продолжува подалеку од итен одговор на пандемијата кон закрепнување од пандемијата“. Голем број земји воведоа слични забрани за бустер дозите за здрави лица помлади од 50 години, тренд што набљудувачите го поврзаа со загриженоста за безбедноста од самите вакцини, иако јавните власти не го потврдија тоа. Велика Британија ќе продолжи да ги нуди првите две дози на постари од 16 години.

Владата, исто така, го прифатила советот на JCVI дека оваа есен треба да им се обезбеди уште една рунда бустери против Ковид зај лица над 50 години и другите ризични групи. Советниците, исто така, повикаа постарите граѓани и лицата со ослабен имунитет да добијат бустер доза оваа пролет. Ова ќе биде седма и осма инјекција за илјадници Британци. 

JCVI исто така советуваше третата доза за довакцинација која стана достапна 2021 година, повеќе да не им се нуди и на лица на возраст од 16 до 49 години кои не се во клинички ризична група, од 12 февруари.

Проф. Веи Шен Лим, претседавач на одделот за вакцинација против КОВИД при ова владино тело вели: “Програмата за вакцинација против КОВИД продолжува да ги намалува тешките болести кај популација.

“Тоа е причината зошто советуваме планирање на идните бустер дози за лица со поголем ризик од сериозни болести преку есенска засилена програма подоцна оваа година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4…

Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони…

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…

Биотехнолошките компании сакаат да лансираат вакцина против…

Биотехнолошките компании сакаат да лансираат вакцина против…

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот…

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги…