Британија планира создавање на полициска единица слична на ФБИ
Британската влада најави план за создавање нова национална полициска единица, слична на американското ФБИ, која ќе се занимава со сложени истраги како тероризам, измами, злоупотреба на деца на интернет и криминални банди. Единицата ќе ја обедини работата на постојните агенции за тероризам и организиран криминал, како и регионалните единици во Англија и Велс. Министерката за внатрешни работи, Шабана Махмуд, истакна дека новото тело ќе ги ослободи 43-те локални полициски сили, овозможувајќи им да се фокусираат на секојдневни злосторства.
„На некои локални сили им недостасуваат вештини или ресурси за справување со сложениот современ криминал, како измами, злоупотреба на деца на интернет или банди на организиран криминал“, рече Махмуд.
Таа додаде дека сегашниот модел е „изграден за друг век“ и дека новата единица ќе привлече „талент од светска класа“ и ќе ги намали трошоците преку централни набавки. Конечните предлози ќе бидат презентирани пред Парламентот утре, а воведувањето на единицата беше поздравено од полициските кругови, предводени од лондонската Метрополитенска полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија планира создавање на полициска единица слична…
Британската влада најави план за создавање нова…
ФБИ упадна и претресе дом на новинарка…
Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ)…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството…
ФБИ објави две фотографии од маж кого…