Британија предупредува: Можни се руски хакерски напади врз критична инфраструктура
Агенцијата за сајбер одбрана на британската влада предупреди на руски хакерски напади врз критичната национална инфраструктура, пренесува „Ројтерс“.
Руските хакери во последниве месеци неколку пати извршија сајбер напади врз веб-страниците на западните институции. Сепак, некои од тие групи активно подготвуваат начини да направат поголема штета во реалниот свет, се вели во предупредувањето од британскиот Национален центар за сајбер безбедност (НЦСЦ), дел од разузнавачката агенција за прислушување.
„Тие сакаат да постигнат поголемо нарушувачко и деструктивно влијание врз западната критична национална инфраструктура, вклучително и во Белика Британија“, соопшти Агенцијата.
Иако таквите групи се идеолошки мотивирани и се усогласуваат со руските државни интереси, тие „не се предмет на формална државна контрола“, се вели во предупредувањето.
Успешен сајбер напад врз критичната национална инфраструктура, како што е енергетската мрежа или снабдувањето со вода, може да биде многу деструктивен и да направи сериозна штета во реалниот свет, заклучуваат од британската влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…
Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…
Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…
Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…