Британија со нови санкции
Британската влада е решена да воведе дополнителни санкции кон Русија и ќе продолжи да го прави тоа додека Москва целосно не се повлече од Украина, изјави во вторникот министерката за надворешни работи Лиз Трус.
„Ние сме решени да обезбедиме повеќе оружје, да воведеме повеќе санкции и да ја поддржиме Украина во истиснувањето на Русија од нивната територија“, рече Трас во парламентот.
Трус рече дека ќе отпатува во Турција во среда за да разговара за опциите како да се помогне да се извлече житото од Одеса, велејќи дека има само прашање на недели за да се најде решение.
Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Европската Унија се координираа во наметнувањето огромни санкции кон Москва за, како што ја нарекуваат, инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече воена операција.
„Ќе продолжиме да воведуваме санкции, ќе продолжиме да го прекинуваме увозот на стоки од Русија додека не видиме дека Русија целосно се повлекува од Украина“, рече Трус.
Британија ги таргетира руските бизнисмени, политичари, верски лидери и бизниси како дел од нејзините широки санкции кон Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…