Британскиот амбасадор потврди дека Македонија потпишала Договор за мигранти, но не за мигрантски кампови – Британските медиуми само така шпекулирале

t

Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон, потврди дека договорот за новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство Македонија опфаќа и дел за нелегалната миграција. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, Лосон нагласи дека договорот се однесува на безбедносна и полициска соработка кога станува збор за мигрантите.

Амбасадорот истакна дека партнерството со Македонија е дел од поширок европски безбедносен механизам. Тој опфаќа размена на информации, координација на полициските служби и борба против организираниот криминал.

„Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но тоа се однесува на полициската соработка меѓу агенциите. Ова го правиме и со повеќе европски земји“ изјави Лосон.

-Знам дека има многу шпекулации во британските медиуми и особено после ЕПС вчера во право сте што ме прашувате за тоа, но не се работи за тоа во овој договор, потенцираше британскиот амбасадор.

Премиерот на ова прашање не зема збор и не даде никаков коментар, веднаш потоа заврши прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…

Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…