Британскиот крал Чарлс Трети му ги одзеде титулите на принцот Ендру и нареди иселување од палатата
Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на својот помлад брат, принцот Ендру, му ги одзеде сите титули и почесни одликувања и му наложи иселување од резиденцијата, соопшти денеска Бакингемската палата.
Во соопштението се наведува дека на принцот формално му е врачено барање да го предаде закупот на вилата Ројал Лоџ и дека ќе биде преместен во друга приватна резиденција. Одлуката е донесена поради врските на Ендру со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.
Принцот Ендру, осми во редот за британскиот престол, последниве недели повторно е под притисок на јавноста по новите откритија од посмртните мемоари на една од жртвите на Епстин, Вирџинија Џуфре, во кои таа го обвинува за сексуален напад.
Ендру ги отфрли сите обвинувања, но на почетокот на месецот најави дека повеќе нема да ја користи титулата Војвода од Јорк ниту одликувањето Ред на витези.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британскиот крал Чарлс Трети му ги одзеде…
Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, на…
(Видео) Јакимовски: Поставив стража пред кафеана да…
Поставив стража во кафеана да не дојде…
Хрватска вложува 1,945 милијарди евра во вооружување:…
Саборскиот Одбор за одбрана на затворена седница…
Прилеп и околината остануваат без струја, снабдувањето…
Рацин дознава дека во моментот со електрична…
„Тајмс“: Украина нема да преживее до пролет
Украина нема да може да преживее до…