Објавено на:

Британскиот министер за надворешни работи, Камерон ќе ја посети Тирана

t

Дипломатски извори во Лондон и Тирана за Топ чанел изјавиле дека оваа посета на лордот Камерон се очекува да се случи на 22 мај, доколку нема промена на агендата во зависност од случувањата во Велика Британија.

-Во фокусот на посетата не е некое конкретно прашање, туку продолжување на британската поддршка за Албанија. Во Тирана се очекува лордот Камерон да ја оцени координацијата со Министерството за внатрешни работи во спречувањето на илегалната имиграција и соработката на СПАК со НЦА против организираниот криминал, додава телевизијата.

Според истиот извор, премиерот Еди Рама деновиве имал телефонски разговор со неговиот колега Риши Сунак, под притисок на јавното мислење и неговото внатре во Конзервативната партија за минување на Ла Манш со гумени чамци на илегални имигранти.

Во 2022 година со моторни чамци на британско тло пристигнале 13 илјади албански граѓани, оваа бројка е намалена за 90 отсто во текот на 2023 година кога заминале само 900, а во периодот јануари-април годинава само 20 албански граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…