Објавено на:

Британскиот министер кој беше мета на руските пренкери кон Путин: Тој е во кафез кој самиот го изгради

t

Британскиот министер за одбрана Бен Валас во интервју за Скај Њуз ја коментираше војната во Украина при што рече дека рускиот претседател Владимир Путин „повеќе не е онаква сила каква што бил“.

-Тој сега е човек во кафез што самиот го изгради. Неговата армија е исцрпена, тој претрпе значителни загуби. Угледот на големата руска армија е уништен, рече Валас.

-Не само што мора да живее со последиците од она што и го прави на Украина, туку мора да живее и со она што и го направи на сопствената армија, рече Валас, додавајќи дека се чини оти руската војска се прегрупира и се фокусира на источна и јужна Украина.

-Го видовме тоа и претходно. Секогаш завршува уште полошо. Одат на уште повеќе напади врз цивили и цивилни области, рече британскиот министер.

Тој додаде дека се договорил со меѓународните сојузници да испрати повеќе воена опрема и оружје во Украина, вклучувајќи оклопни возила, артилерија со долг дострел и муниција. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…