Објавено на:

Британскиот премиер Џонсон загуби клучно упориште во Лондон на локалните избори

t

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон на локалните избори во Англија го загуби традиционалното упориште Вандсворт во Лондон, првпат по 44 години.

Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија. Локалниот лидер на конзервативците Рави Говиндиа рече дека гласачите ја казниле партијата поради кризата предизвикана од зголемените животни трошоци.

Изборите се првиот тест за Џонсон откако тој стана првиот британски лидер кој го прекршил законот додека бил на функција. Тој плати парична казна минатиот месец за присуство на роденденска забава во неговата канцеларија во 2020 година поради непочитување на мерките за одржување на растојание воведени за да се спречи ширењето на ковид.

„Овие резултати потврдуваат дека гласачите ги казнија конзервативците“, рече Џон Куртис, професор по политички науки на Универзитетот во Стратклајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мештани од село Вирово тврдат дека…

Пожарот на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово…

Борис Џонсон: Дозволете Киев да гаѓа цели…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, коментирајќи го…

Утре нашиот Столе ќе дебитира против Барселона

Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, нема поплаки…

Сирски го брифираше Зеленски: Денеска имаме напредок…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска учествуваше на…

Пожарот кај Јасен е намален, но не…

Пожарот на територијата на Јасен кон селото…