Британскиот суд ја одобри екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД
Судот во Лондон одобри основачот на Викиликс Џулијан Асанж да биде екстрадиран во САД, а конечната одлука ќе ја донесе британската влада.
Асанж има можност да поднесе жалба на оваа судска одлука.
Британски судија официјално ја одобрил екстрадицијата на Асанж во САД за да се соочи со обвинувањата за шпионажа. За случајот сега ќе одлучува британскиот министер за внатрешни работи, а основачот на Викиликс сè уште има правни можности да поднесе жалба.
Наредбата доаѓа откако Врховниот суд на Обединетото Кралство минатиот месец не му дозволи на Асанж да поднесе жалба на одлуката на понискиот суд дека тој може да биде екстрадиран.
Судијата на Вестминстерскиот суд за прекршоци ја издаде наредбата на кратко рочиште. Министерката за внатрешни работи Прити Пател ќе одлучува дали ќе ја одобри екстрадицијата.
Овој потег не ги исцрпува правните опции за Асанж, кој со години се обидува да избегне судење во САД за обвиненијата поврзани со објавувањето на огромна количина доверливи документи на Викиликс пред повеќе од една деценија.
Неговите адвокати имаат четири недели да поднесат поднесоци до Пател, а можат да се жалат и до Високиот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…