Објавено на:

Британските медиуми “се закачија” за Путин: Чека дете од Кабаева и многу е среќен

t

Рускиот претседател Владимир Путин очекува ќерка со поранешната гимнастичарка и негова наводна љубовница Алина Кабаева, и покрај тоа што рускиот лидер тврди дека „има доволно деца“, се вели во новиот извештај, пишува Дејли Меил.

Се верува дека Путин веќе има два сина со Кабаева, која таа ги родила далеку од очите на јавноста . Кабаева, наводно, била фотографирана бремена во 2015 година, а во извештајот се вели дека таа подоцна однсно истата година и родила син во Швајцарија.

Својот втор син Кабаева го родила 4 години подоцна во 2019 во , и според истражувањето на на швајцарскиот весник Sonntagszeitung, истиот лекар која ја породил во Швајцарија дошол во Москва за да ја породи со своето второ дете

Путин, кој оваа година ќе наполни 70 години, од 2007 година негира дека е во врска со Кабаева (39). Тој го крие своето наводно семејство од јавноста, а според медиумите, не присуствувал на ниту едно од двете наводни породувања, пренесува Дејли Мејл.

Сепак, според шпекулациите, двојката сега наводно очекува девојче, според Телеграм канал General SVR – веб-налог за која се вели дека го водат добро упатени лица во Кремљ.

„Веќе објавивме дека Алина Кабаева е бремена. Вчера беше откриен полот на нероденото дете – се работи за девојче“, се вели во соопштението.

Сепак, се вели дека рускиот лидер не бил импресиониран од веста. Во соопштението се наведува дека оваа информација не му се допаднала на идниот татко и претседател на Русија.

Во истиот извештај на овој налог на социјалната мрежа Телеграм се наведува и дека кога Путин бил информиран дека повторно ќе стане татко, во нервоза изјавич: „Имам доволно деца и имам доволно ќерки одамна“. Се претпоставува дека Кабаева била бремена уште во мај.

„Путин дозна дека неговата љубовница е повторно бремена, а очигледно не го планирал тоа“, се наведува во соопштението.

Кабаева последен пат беше видена пред еден месец во одморалиштето Блек Мос во Сочи во камп за ритмичка гимнастика.

На почетокот на руската инвазија на Украина, се шпекулираше дека Кабаева и нејзините деца се кријат во Швајцарија, а шпекулациите одеа дотаму и дека тие биле засолнети во подземен бункер во Сибир.

Путин ретко зборува за својот приватен живот. Досега никогаш јавно не признал дека има деца со Кабаева. Познато е дека со поранешната сопруга Људмила има две ќерки – Марија (37) и Катерина (35).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…