Британските пратеници воодушевени од говорот на Зеленски: Бараат украинскиот претседател да добие титула витез

Британските пратеници предложија претседателот на Украина, Володимир Зеленски да ја добие титулата витез, пренесува Танјуг. Тие побараа од премиерот Борис Џонсон да го номинира Зеленски како знак на признание за храброста и инспиративното лидерство, објави „Сан“.
Пратениците од сите британски партии го повикаа премиерот да му ја додели титулата почесен витез на Зеленски, по неговиот говор пред целосниот британски парламент, преку видео-врска од неговото засолниште во Киев.
„Сан“ наведува дека кога му било понудено да ја напушти Украина за САД, Зеленски (44) одговорил:
– Тука има борба. Ми треба муниција, а не превоз.
Тори Боб Сили, од Комитетот за надворешни работи на Долниот дом, рече дека Зеленски е вистински лидер и дека храбро застанал покрај народот со својот пример.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…
Путин бара од Украинците да земат руско…
Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…