Објавено на:

Британски аналитичар: Можно е Русија да стои зад убиството на Дарја Дугина

t

Британскиот аналитичар Марк Галеоти го искоментира убиството на ќерката на Александар Дугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, Дарија Дугина загина откако автомобилот ѝ експлодирал додека се возела кон својот дом. Наводно, во тој автомобил како цел на нападот требало да биде блискиот соработник на Путин, но тој влегол во друго возило.

Галеоти смета дека овој напад „зборува за растечка нестабилност во самата Русија“. Тој коментира дека Дугина станала доста почитувана новинарка во земјата и дека работела за медиумска куќа, наводно, раководена од човек кој бил санкциониран од Велика Британија поради ширење дезинформации.

„Тоа е некој кој има секакви блиски врски со луѓето околу Кремљ и кој го застапува истиот вид екстремни националистички ставови како и самиот Дугин. Значи, можно е таа самата да се направила цел, на некој начин. Но, со оглед на ситуацијата, поверојатно е дека нејзиниот татко им бил цел“, рече Галеоти.

Аналитичарот ги искоментира и наводите дека можеби Украина стои зад убиството.

„Да, од една страна, може да се каже дека Украинците имаат најмногу причини да го презираат Дугин, кој ја поддржуваше војната. Но, од друга страна, ова не е мала работа. Човек треба да биде способен за да изведе вакво убиство во срцето на Русија, која е прилично безбедносна држава, а потоа да ги изнесе од земјата сите оние кои биле вклучени во тоа, без да остават никакви траги. Се сомневам дека Украина би го избрала Дугин ако треба да извршат атентат во Москва“, објасни аналитичарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…