Британското МО потврди: Украинците се повелкуваат од Бахмут, соработката меѓу руската армија и Вагнер се подобрува!
„Украинските сили беа принудени да се повлечат од делови на Бахмут по жестоката руска офанзива која вклучуваше интензивен артилериски оган во изминатите два дена“, се вели во денешниот дневен билтен на британското Министерство за одбрана за војната во Украина.
„Руската офанзива во градот Бахмут, кој се наоѓа во источниот регион Доњецк, се интензивира, при што силите на руското Министерство за одбрана и приватната воена формација „Вагнер“ ја подобруваат меѓусебната соработка“, додаваат од одделот за сили во Лондон.
„Украинските сили доживуваат значителни тешкотии во снабдувањето, но успеваат организирано да се повлечат од позициите што беа принудени да ги напуштат“, додаде Министерството за одбрана на Велика Британија.
Приватната воена формација „Вагнер“ игра водечка улога во битките за Бахмут, кои се меѓу најкрвавите од почетокот на војната во Украина.
„Украинските сили сè уште ги контролираат западните области на градот, но беа изложени на исклучително интензивен артилериски оган од Русија во последните 48 часа“, објасни британското министерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Обичните Американци се борат со сиромаштијата…
Американските власти повеќе се грижат за корумпираните…
Медведев: Нема преговори со Украина!
По нападот на Киев на Курската област,…
Зеленски: Контролираме 1.250 квадратни километри во Русија,…
Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави…
Предлог на чешкиот претседател: Влез на Украина…
Нема потреба да се очекува целосно воспоставување…
Москва: Ќе испратиме јасен сигнал до Берлин
Одговорот на Москва на одлуката на германските…