Објавено на:

Британците со жестока реакција кон Венс: „Глуп си и агресивен“

t

Откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс индиректно ја нарече Британија „безвезна“ земја која не видела војна, реакциите не престануваат да доаѓаат.

Американскиот потпретседател изјави дека военото присуство на „некоја безвезна земја“ како дел од мировните сили во Украина нема да биде доволно за да се обезбеди мир, очигледно мислејќи на Велика Британија.

Велика Британија, за потсетување, ја спомена можноста за испраќање свои војници во Украина како дел од можна мировна мисија.

„Венс ги брише британските војници од историјата“

„Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да се осигурате дека Владимир Путин нема повторно да ја нападне Украина, најдобрата безбедносна гаранција е да им дадете на Американците економски потенцијал во иднината на Украина“, рече тој.

Британците жестоко реагираа на оваа изјава.

„Џеј Ди Венс ги брише од историјата стотиците британски војници кои ги дадоа своите животи во Ирак и Авганистан. Шест од моите другари од кралската воена полиција никогаш не се вратија дома од Ирак. Ова е злобен обид да се негира таа реалност. Венс ја понижи својата функција“, напиша либералката Хелен Мегваер.

„Колку е глуп толку е и агресивен“

„Ти си гад. Стотици британски војници загинаа во последните две децении поддржувајќи ја вашата земја во вашите војни. Вашето целосно непочитување, отпуштање и игнорирање на нивните жртви затоа што не одговара на вашата сегашна наративност е ужасно”, изјави водителот на Би-Би-Си, Џош Хауи.

„Венс очигледно е толку глуп, колку што е и агресивен“, рече водителот Ник Ферари.

„Дали некогаш сте кажале благодарам? Саркастично рекоа неколку луѓе, мислејќи на провокацијата на Венс кон Зеленски за време на расправијата во Белата куќа. Изјавата беше придружена со фотографии од ковчезите на британските војници убиени во војните во Авганистан и Ирак.

Според достапните податоци, 179 британски војници загинале во војната во Ирак (2003-2011). Во војната во Авганистан (2001-2021) бројот на загинати британски војници е 453. Вкупно тоа значи дека 632 британски војници ги загубиле животите во двата конфликти.

Во Авганистан животот го загубија 2.400 Американци, додека во Ирак 4.430.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…