Британците ќе добијат неработен ден за крунисувањето на Чарлс Трети

t

Британската Влада објави дека во Обединетото Кралство ќе има неработен ден по повод крунисувањето на кралот Чарлс Трети, осум месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Празникот ќе биде во понеделник, 8 мај, два дена по церемонијата организирана во Вестминстерската опатија на 6 мај, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

„Крунисувањето на новиот монарх е посебен момент за нашата земја“, рече премиерот Риши Сунак во соопштението. Премиерот, исто така, вели дека се надева оти луѓето ќе му оддадат почит на кралот Чарлс Трети и ќе учествуваат на локални и национални настани низ целата земја.

Крунисувањето на Елизабета Втора на 2 јуни 1953 година исто така беше неработен ден., како и 19 септември 2022 година кога се одржа погребот на кралицата.

Бакингемската палата најави церемонија која гледа напред, додека ја одржува врската со долгата традиција и раскошот на монархијата.

Според британскиот печат, во согласност со желбата на кралот Чарлс Трети за поштедлива монархија, крунисувањето ќе биде пократко и поштедливо од она на неговата мајка, со оглед на економската криза.

Крунисувањето на Елизабета Втора траеше повеќе од три часа и имаше 8.251 гости во Вестминстерската опатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!

Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…