Брнабиќ: Ви благодариме Кипар што го почитувате територијалниот интегритет на Србија
Премиерката Ана Брнабиќ денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Кипар во Србија, Андреас Фотиу и во таа прилика му се заблагодари за доследно почитување на интегритетот и суверенитетот на Србија, јавува РТВ.
Како што соопшти Владата на Србија, Брнабиќ му се заблагодарила и на Кипар за принципиелниот став при разгледувањето на барањето за покренување на процедурата за членство на Косово во Советот на Европа.
„Посакувајќи добредојде и успешен мандат на амбасадорката во Белград, Брнабиќ рече дека верува дека билатералните односи на двете земји, кои се засноваат на традиционалното пријателство, блискост и солидарност на нашите народи, дополнително ќе се унапредуваат со взаемни напори. “ се наведува во соопштението.
Брнабиќ го истакна интересот за подобрување и зајакнување на економските врски, имајќи го предвид економскиот потенцијал на двете земји.
„Амбасадорот Фотиу изрази уверување дека односите меѓу двете земји дополнително ќе се унапредуваат за време на неговиот мандат, вклучително и преку одржувањето на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Кипар, а особено ја истакна важноста на економската соработка, инвестициите и туризам“, се додава во соопштението на Владата на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…