Брнабиќ: Немаше прекумерна употреба на сила против демонстрантите
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, вечерва изјави дека за време на протестите и блокадите во Србија, немаше прекумерна употреба на сила против демонстрантите и дека полицијата покажа трпение.
„Во врска со протестите во Србија, би сакала да бидат мирни, но не се. Демонстрантите во Србија секојдневно им ги негираат сите основни права на другите граѓани во оваа земја: правото на слобода на движење, што е основно човеково право, слободата на говорот, слободата на мислењето, слободата да се живее слободно и мирно. И покрај ова, и нашата полиција и нашите граѓани не покажаа ништо друго освен воздржаност и трпение. Неверојатна, примерна воздржаност“, напиша Брнабиќ на социјалната мрежа X.
Брнабиќ реагираше на објавата на европската комесарка за проширување, Марта Кос, која изјави дека ЕУ „внимателно ги следи извештаите за прекумерна употреба на сила против демонстрантите во Србија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брнабиќ: Кинеските инвестиции го стимулираа економскиот развој…
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на…
Брнабиќ одби да биде дел од заедничката…
Таа им се придружи на учесниците дури…
Брнабиќ: Изложени сме на огромни притисоци бидејќи…
Премиерката Ана Брнабиќ рече дека Србија е…
Брнабиќ утре во посета на Скопје
Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ утре…