Брнабиќ: Србија не е неутрална, ја осудуваме агресијата врз Украина

t

Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека на средбата со претставниците на јапонските власти во Токио го објаснила ставот на Србија и зошто земјата не воведува санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Брнабиќ изјави дека Србија не е неутрална и дека ја осудува агресијата врз Украина. Таа додаде дека јапонските политичари не вршат притисок како европските, туку дека се заинтересирани да слушнат каков е ставот на Србија, пишува Н1 Србија

-Ние не сме неутрални по ова прашање, нашиот став е целосно јасен, се приклучивме на резолуциите на ОН и на декларациите на ЕУ, каде што ја осудивме агресијата врз Украина. Нашето Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да ги признаеме резултатите од референдумот. Единствената разлика е што ние не сме и не сакаме да воведуваме санкции кон Русија, имаме добро објаснети причини за тоа – изјави Брнабиќ во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Франс прес за протестите во Македонија и…

„Од улиците на Белград во Србија до…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…

Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…