Брнабиќ: Суштината на протестите пред РТС е да се убие претседателот Вучиќ

t

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ тврди дека „суштината на програмата“ на студентскиот протест пред РТС, како што наведе, е „да се убие српскиот претседател Александар Вучиќ“.

На нејзиниот профил на X мрежата таа сподели видео од протестот во кој средовечен демонстрант вели: „За Слоба важеше „Готов е. За овој важи „Беше висок човек“.

”Конечно, суштината на програмата! Студент во цутот на младоста објасни: Убијте го Александар Вучиќ. Сите со насмевка: „беше висок човек“. Новинарот  не ни трепнува. Нели „не повикуваат на омраза и конфликт“, а како би изгледало да повикуваат.“, напиша Брнабиќ.

Студенти на блокада и голем број граѓани вечерва се собраа пред Радио телевизија на Србија за, како што рекоа, уште еднаш да привлечат внимание на „несоодветното известување“ на јавниот медиумски сервис.

Поради протестот кој се одржува под слоганот „Нашето право да знаеме се“, блокиран е сообраќајот на Таковска, на плоштадот Никола Пашиќ, на улицата „Кнежа Милоша“ кон Лондон и на булеварот „Крал Александра“ кон споменикот Вук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…

Вучиќ најави нови оставки во српската влада…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…

(Видео) СНС на Вучиќ прогласи победа на…

Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните…