Објавено на:

Брнабиќ ја повика Босна и Херцеговина да се приклучи на Отворен Балкан

t

Српската премиерка Ана Брнабиќ ја повика Босна и Херцеговина да размисли за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан, наведувајќи дека оваа иницијатива нема никаква врска со политика, туку дека ќе придонесе за намалување на тензиите.

„Ги замолувам сите од Босна и Херцеговина да размислат за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан. Тоа нема никаква врска со политика, освен што ќе ја намали тензијата“, рече Брнабиќ во говорот на Меѓународниот бизнис саем во Мостар.

Наведувајќи дека во врска со Отворениот Балкан „би било добредојдено поголемо вклучување на Црна Гора“, таа истакна дека оваа иницијатива е поврзана со отворање на границите, протокот на луѓе, капитал и услуги.

„Станува збор за различни инспекции кои се целосно координирани, за да се осигура дека нашата економија и нашиот народ имаат поголема корист од нашата соработка“, заклучи Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тивок херој“ со денови сосема сам чисти…

Повозрасен човек изминативе денови секојдневно е во…

Мајски снег го прекри Балканот

Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…

(Фото-галерија) Балканот се буди! Масовни протести во…

Првите неколку месеци од оваа година на…

Во сообраќајка во Србија загинаа татко и…

Во сообраќајна несреќа што се случи ноќта…

Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да…

По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот…