Објавено на:

Бројот на жртвите од земјотресот во Тибет се зголеми на 95, се пребаруваат урнатините

t

Бројот на жртви во силниот земјотрес на Тибет се искачи на 95 лица, а според кинеските медиуми, повредени се околу 130 лица.

Во земјотресот со јачина од 7,1 степени се уништени стотици згради, а спасувачките служби се на терен.

Земјотресот ги вознемири и жителите на Катманду, главниот град на Непал, на околу 230 километри од епицентарот. Земјотресот ги разбудил од сон, а многумина во паника ги напуштиле домовите. Сè уште нема информации за оддалечените и планински области на Непал поблиску до епицентарот.

Според извештаите, повеќе од стотина станбени згради се уништени, додека областа била зафатена и од десетици последователни потреси. Околу 1.500 спасувачи и пожарникари се распоредени на теренот за да ги пребаруваат урнатините и да им пружат помош на повредените, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.

Просечната надморска височина во подрачјето на епицентарот е околу 4.200 метри, што ги отежнува спасувачките операции. Кинескиот центар за земјотреси соопшти дека епицентарот бил на околу 75 километри североисточно од Монт Еверест.

УСГС, исто така, наведе дека во овој регион во изминатиот век се случиле десет земјотреси со јачина од најмалку 6 степени, што потврдува дека тоа е едно од сеизмички најактивните области во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на жртвите од земјотресот во Тибет…

Бројот на жртви во силниот земјотрес на…

Нотингем форест игра како пред пет-шест децении!

Најпријатното изненадување во Премиерлигата е екипата на…

Samsung одлучи: Ист процесор за сите

Интернационалниот модел Samsung Galaxy S25, кој користи…

Русија најави одмазда против Украина поради употребата…

Русија денеска најави дека ќе ѝ возврати…

Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово,…

Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово,…