Објавено на:

Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 1.400

t

Бројот на жртви од земјотресот што го погоди Авганистан пред два дена се искачи на повеќе од 1.400, соопштија Талибанците.

„Досега, најмалку 1.411 лица се убиени, 3.124 се повредени, а повеќе од 5.400 куќи се уништени“, изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид.

Ројтерс објави дека земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, зголемувајќи стравувања од понатамошни штети и уништувања.

Денешниот земјотрес беше на релативно мала длабочина од десет километри, иста како и оној што ја погоди земјата на полноќ во недела.

Тоа беше еден од најлошите земјотреси во Авганистан во последните години, срамнувајќи ги со земја домовите во оддалечените села.

Тешкиот терен сериозно ги попречува напорите за спасување во изолираните села во планинскиот регион.

Авганистанската црвена полумесечина, хуманитарна група што работи во регионот, изјави дека стравува дека повеќе луѓе се заробени под урнатините.

Координаторот на Обединетите нации во Авганистан изјави дека бројот на жртви веројатно ќе се зголеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан…

Бројот на жртви од земјотресот што го…

Семејството Трамп заработи шест милијарди долари преку…

Семејството на Доналд Трамп стекна дури шест…

Нов протест пред Филозофскиот факултет во Нови…

Новосадските студенти во блокада и граѓаните, се…

Левица: Чекаме министерот Тошковски да излезе од…

Граѓаните на Аеродом и Скопје од денес…

Ќе има ли истрага за Лајонес? –…

За бескрупулозноста на наведената група на Маркетери…