Бројот на млади луѓе кои играат игри на среќа е голем
Бројот на млади луѓе кои во Македонија играат игри на среќа е голем. Дури 71 процент од 214 учесници во онлајн истражувањето, помлади од 25 години, се изјасниле дека играле игри на среќа. 17,8 проценти од нив рекле дека се зависни од игрите. Од здружението „ХОПС“ бараат програма за едукација на младите да не посегнуваат по коцкање…
71 процент од младите играат игри на среќа, покажало истражувањето на „ХОПС“, 17 проценти од нив рекле дека се зависници.
Младите не сакаат да зборуваат на оваа тема, но признаваат дека имаат блиски кои сакаат да полнат ливче, а некои се обидувале да влезат и во казина. Дваесет и деветгодишниот Краси Истатков, којшто два дена е во Скопје, вели на секој агол има обложувалници, билборди со кои се промовира коцкањето.
„Гледам и реклами за брзи кредити, се тоа е поврзано едно со друго. И во Бугарија беше исто пред да влеземе во ЕУ, сега е забрането рекламирање и промовирање на таков вид забава“, изјави Краси Истатков.
А 44% од младите и почнале да играат игри на среќа баш поради забава, приближно 30 проценти за да заработат.
Дури 50% од испитаниците од фокус-групата играат игри на среќа секој ден.
Состојбата е речиси идентична во Србија и во Косово, покажало истражувањето кое опфаќа млади до 25 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хезболах: Прекинот на огнот ќе зависи од…
Лидерот на Хезболах, Наим Касем изјави дека…
Бројот на млади луѓе кои играат игри…
Бројот на млади луѓе кои во Македонија…
Трамп го избра Мет Витакер за американски…
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра Мет…
Политико: Писториус е најпопуларен политичар во Германија
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус е…
Песков: Замрзнат конфликт во Украина не е…
Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е…