Објавено на:

Број на жртви на палестинска територија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас достигна 40.099

t

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа загинале најмалку 25 лица, а вкупниот број на жртви на палестинска територија од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас достигна 40.099. Mеѓу жртвите се и една жена и нејзините шест деца.

– Рано утринава израелско бомбардирање погоди куќа во централниот град Деир ал Балах, соопшти болницата Ал Акса.

Во северниот град Џабалија беа погодени два стана во станбена зграда, а двајца мажи, една жена и нејзината ќерка загинаа, соопшти локалното Министерство за здравство.

Во друг напад во центарот на Газа, четири лица загинаа, соопшти болницата Авда.

Доцна синоќа четири лица од исто семејство, меѓу кои две жени, се убиени во напад во близина на јужниот град Кан Јунис, соопшти болницата Насер.

Израел тврди дека цели само на екстремистите и го обвинува Хамас за смртни случаи на цивили, бидејќи „екстремистичката организација крие борци, оружје, влезови од тунели и ракети во станбени области“.

Во војната која трае повеќе од десет месеци, во Газа се ранети 92.609 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Број на жртви на палестинска територија од…

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска…

Камала Харис води пред Доналд Трамп

Камала Харис, која од Џо Бајден ја…

Зеленски: Ги зацврстивме нашите позиции во Курск,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите…

Блинкен пристигна во Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна…

(Видео) Сообраќајка во Тетово помеѓу Брза помош…

Попладнево во Тетово се случила сообраќајна несреќа…